Целата територија на Република Македонија денес останува во жолта предупредувачка фаза поради очекуваното ново локално невреме, предупредува метеорологот Славчо Попоски.
Според најавите, во текот на денот на повеќе места ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а локално можна е и појава на град. Невремето ќе биде локално, но на одделни места може да биде поинтензивно.
Од тие причини, до граѓаните се упатува апел за зголемена претпазливост, особено при движење на отворено, управување со возила и престој во близина на дрвја, електрични столбови и водотеци.
Се препорачува редовно следење на најновите временски информации и предупредувања од надлежните институции.
Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и навремено да преземат мерки за заштита на својата безбедност и имот доколку во нивното подрачје се развијат поинтензивни временски процеси.

