На Исар во Штип избувна пожар на ниска вегетација, кој зафати сува трева, прнар, нискостеблеста деградирана шума, смреки и боров насад.
Во гаснењето интервенираат 5 пожарникари со 3 противпожарни возила, а екипите се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон куќите и помошните објекти во подножјето на Исарот.
Ситуацијата дополнително ја отежнува променливиот ветер, кој влијае на насоката на пожарот, како и стрмниот и карпест терен кој не дозволува поефикасно дејствување.
Пожарот се движи кон сртот на Исарот, а поради сложеноста на состојбата, Главниот штаб побара ангажирање на воздухопловите (Ер-трактори) на Дирекцијата за заштита и спасување за воздушна поддршка на теренските екипи.

