Телото на 22 годишната девојка која исчезна на 29 јуни во водите на Велика Морава беше пронајдено дури на 2 јули.
Таа исчезна во близина на селото Мијатовац, Србија кога и покрај напорите на нејзиното момче и пријателите што биле присутни, силната речна струја за неколку секунди ја повлекла во длабочините.
Според информациите од истрагата, несреќата се случила додека младата девојка била во водата заедно со своето момче и уште едно друштво (две девојки и две момчиња).
Тие дошле на реката за да се разладат од топлото време, да уживаат и да го поминат денот заедно.
„Се капела во Велика Морава со момчето и друштвото кога во еден момент реката ненадејно ја повлекла кон подлабокиот дел. Нејзиното момче веднаш реагирало и се обидело да ја извлече на брегот, но поради силната струја и брзината на водата, не успеал да ѝ помогне“, открива извор за медиумите, пренесува српскиот портал „Курир“.
Сосетка на семејството низ солзи раскажува за ужасот што го преживеале сите присутни на местото:
„Сите се обиделе да ја спасат, но никој не успеал. Струјата била премногу силна и сè се случило во една секунда. Потрагата по телото траеше четири дена, целото село е во шок. Таа одеше на училиште со мојот внук, уште не можеме да поверуваме што се случи…“ вели тој
По четири дена неизвесност, безживотното тело на девојката конечно било пронајдено на околу 150 метри низводно од местото каде што се удавила, во атарот на село во близина на Ќуприја.
На местото каде што е пронајдено безживотното тело на младата девојка е извршен полициски увид.
Потресените соседи додаваат дека станува збор за прекрасна, мирна и исклучително вредна девојка која работела во Јагодина, и дека ова е незапаметена трагедија што го зави во црно целото семејство.


