Тешка сообраќајна несреќа – едно лице итно пренесено во болница

Вчера (7.07.2026) во 12:25 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул. „Седек Костоски“ во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.Н. (19) од Гостивар и велосипед, управуван од Б.И. (68) од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.И., констатирани во Ургентниот центар во Гостивар, соопшти полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на екипа од СВР Тетово.