Невреме во Македонија – УХМР утрово со најнова вест

Сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во сабота времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во недела ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец.