15-годишник е тешко повреден при судир со возило на крстосница во Гостивар. Несреќата се случила вчеравечер.
Како што информираа од МВР, вчера во 19:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Брајкоски“ со ул.„Ристо Оџаклиески“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со гостиварски регистерски ознаки,
управувано од А.Т.(58) од Гостивар и електричен тротинет, управуван од 15-годишен малолетник од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

