Трагедија ја потресе Македонија: 14-годишно девојче почина по пад од лулашка

14-годишно девојче од Кавадарци, кое престојувало во Гостивар, починало откако паднало од лулашка во парк во градот.

Како што информираат од СВР Тетово, синоќа во 20:20 часот од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14).

Според пријавеното, малолетничката претходно паднала од лулашка во парк во Гостивар, по што била итно пренесена во Медицинскиот центар, каде и покрај напорите на лекарите, во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт.

За случајот бил известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.