Трагедија го потресе регионот: Комбе излета од патот, има загинати и повредени

Едно лице загина, а 17 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што денеска се случи на главниот пат Котор–Никшиќ, кај местото Липци, јавуваат црногорските медиуми.

Несреќата се случила кога патничко комбе излетало од коловозот околу 13:40 часот.

Во спасувачката акција учествувале 20 пожарникари со шест возила.