Драматична спасувачка акција во Македонија

Професионалните и доброволни пожарникари од Охрид изминатата ноќ пронајдоа и спасија исчезнато повозрасно лице.

Во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови ТППЕ Охрид – Пожарна заедно со ДПД Ентузијаст учествуваше во спасувачка акција на исчезнато повозрасно лице.

Упорноста на екипите во потрагата беше клучна за пронаоѓање на лицето.

Лицето е пронајдено на тешко пристапна локација во добра здравствена состојба и при тоа успешно евакуирано