Тешка сообраќајна несреќа – младо момче итно пренесено во болница

-На 12.07.2026 во 16:26 часот во ОВР Крушево е пријавено дека на регионалниот пат Крушево- Прилеп кај место викано „Двојна кривина”,

се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(61) од с. Житоше, општина Долнени и мотоцикл „хамачи”, без регистарски ознаки, управуван од М.Б.(26) од с.Житоше, општина Долнени.

М.Б. со возило на Итна медицинска помош Крушево бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Крушево, информираат од МВР.