ТРАГЕДИЈА ја потресе Македонија: Во тешка несреќа загина 28-годишно момче

Дваесет и осумгодишен маж од селото Седларево го загуби животот откако се здобил со тешки повреди при сеча на дрва во атарот на дебарското село Горно Мелничани.

Како што информираат од МВР, настанот бил пријавен на 13 јули во 14:20 часот.

Повредениот М.Л. (28) со возило на Итната медицинска помош бил пренесуван кон Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите.

Смртта, без траги на насилство, ја констатирал лекар од болницата.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител, државен трудов инспектор и полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција на телото на починатиот.