Тешка несреќа на Халкидики: загинаа маж, жена и бебе во судир со цистерна

Во тешка несреќа што се случи попладнево на покраинскиот пат Неа Мудања – Никити на Халкидики, загинаа татко, мајка и бебе, додека другото тригодишно дете е тешко повредено и е пренесено во болница, пренесe Прототема.

Според Противпожарната служба, Оперативниот центар примил повик околу 18:30 часот за тешка сообраќајна несреќа во која учествувале цистерна и патничко возило во кое патувале двајца родители со нивните две малолетни деца, а кое имало странски регистарски таблички (неофицијално од Молдавија).

Според rthess.gr, пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот продолжиле со операција за извлекување, користејќи специјална опрема за спасување. Жена и бебе биле извлечени од возилото без знаци на живот, мажот и другото дете биле со тешки повреди, но мажот не издржал и починал.

Сите четворица биле транспортирани со амбулантни возила на EKAB, додека причините за несреќата ги истражуваат надлежните органи, додека осум пожарникари со три возила учествувале во операцијата.