Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Кумановскиот регион се развива нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во моментов пороен дожд е регистриран и во подрачјата западно од Скопје.
Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење на отворено и да ги следат најновите временски информации, бидејќи локално е можно невремето да биде поинтензивно.


