Силното невреме кое вечерва ја зафати Битола создаде реки низ битолските улици.
Голем дел од коловозите беа поплавени, а на одредени крстосници во центарот на градот се создадоа езера.
Ризично беше и пред Безистенот во строгиот центар каде возилата беа до половина во надојдената вода.
Реки се слеваа од повисоките делови на Битола кон пониските. Сообраќајот тешко се одвиваше, а дел од битолчани останаа заглавени низ улиците неможејќи да си дојдат во домовите.
Во вода пливаа и сообраќајниците во населбите Стрчин и Карпош.
Прокапе и таванот во Безистенот каде се одржуваше настан од јавен интерес, а поради невремето за подоцна беа одложени и други настани.

