ХАОС ВО ГОСТИВАР: Над 1.000 граѓани примени во болница – Обвинителството постапува

Над илјада граѓани во Гостивар, меѓу кои и деца, со гадење, повраќање и дијареа, побарале лекарска помош во изминативе денови. Постојат сомневања дека водата од Вруток е загадена со отпадни води.

– Во врска со епидемијата која се шири во Гостивар овие 3-4 дена заради која имаме голем број на пациенти на кои им е дадена медицинска помош во нашата установа, заради која сме направиле и зајакнување на медицинскиот персонал во одделенијата каде има голем број на пациенти. Ве известуваме дека поголемиот број на пациентите се со исти симптоми како повраќање, диареја, болки во желудникот, температура, омалаксаност итн. Најголем број на пациентите со овие симптоми има во Инфектологија, Детско одделеније и во Ургентна Единица, информираа од гостиварската болница. 

Во расветлување на случајот се вклучи и обвинителството.

„По наредба на јавен обвинител се преземаат дејствија по поднесена пријава во однос на квалитетот на водата за пиење“, соопштија кусо од обвинителството.

Полицијата, исто така, презема итни мерки и активности на терен во селото Вруток поради сомнежи за загадување на водата со која се снабдува градот Гостивар.

Постојат сомнежи дека биле поставени пумпи, преку кои се внесувала загадена вода во главниот цевковод што го снабдува градот за да се зголеми