Според најновите информации од УХМР, нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи се движи во правец кон Кумановскиот регион.
Во наредниот период се очекува влошување на временските услови со интензивни врнежи, честа појава на грмежи, а локално е можно и засилување на ветерот.
На поединечни места не е исклучена ниту појава на краткотрајно невреме.
Се препорачува граѓаните да бидат внимателни и редовно да ги следат најновите информации и предупредувања од УХМР.


