Македонската пејачка Соња Тарчуловски објави тажна вест:
Последен поздрав до мојот татко
Тато…😢😢😢😥😥🙏
Замина кај мама. Не можеше да издржиш без неа. Вашата љубов беше посилна и од времето, и од далечината.
Сега повторно сте заедно, таму каде што нема болка, нема солзи и нема разделби.
А мене ми остануваат спомените, вашата љубов и празнината.
Ви благодарам што ми покажавте што значи вистинско семејство, пожртвуваност и љубов што трае до последниот здив.Што ми помогнавте во најтешките мигови во мојот живот за да бидеме сега семејство.
Почивај во мир, тато. Прегрни ја мама и кажи и дека ми недостига исто како и ти.
Ќе ве носам двајцата во моето срце додека дишам.
Со бескрајна љубов,
Твојата ќерка Соња

