Прегазено седумгодишно дете

Седумгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово.

Како што соопшти МВР, мотоцикл „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С. (32) од Куманово, удрил во детето.

Во несреќата детето се здобило со повреди и било пренесено во Општата болница во Куманово за укажување лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Куманово.