Голема трагедија, се удави дете во аквапарк – медицинскиот тим не успеа да го спаси

Трагичен настан ја потресе соседна Србија откако четиригодишно момче се удави во аквапаркот „Југово“ во Смедерево.

Според информациите од очевидци кои се наоѓале на лице место, екипата на Итната медицинска помош пристигнала со голема брзина по добиениот повик, но за жал, исходот бил фатален.

„Лекарот од Итната помош го носеше детето во раце, сцената беше страшна за гледање“, изјави еден од очевидците за локалните медиуми.

Медицинскиот тим веднаш започнал со реанимација и ги презел сите можни мерки за да му го спаси животот на малото дете, но за жал, лекарите само можеле да констатираат смрт.

Полицијата и надлежните органи извршија увид на местото на настанот, а сите детали и околности под кои се случила оваа голема трагедија ќе бидат познати по завршување на истрагата.