Три возила денеска се судрија на крстосницата помеѓу Булевар Србија и Булевар Борис Трајковски во Скопје.
Според првичните информации, нема пријави за повредени лица.
На местото на сообраќајната незгода интервенира сообраќајната полиција, која го регулираше сообраќајот додека траеше увидот.
Поради несреќата, во овој дел од градот сообраќајот се одвиваше забавено.

