Тешка несреќа: Се преврте товарно возило, младо момче пренесено во болница

На 23.07.2026 во 10:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на автопатот во изградба Кичево-Охрид, помеѓу кичевските села Извор и Попоец, (25) од Индија,

кој работел на изградба на автопатот, управувајќи товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел со возилото.

Тој со медицинско возило е пренесен во Општа болница во Кичево, а увид на местото на настанот извршија полициски екипи.

ОВР Кичево во соработка со јавен обвинител и други надлежни институции работи на целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок.