За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Нови врнежи од дожд, проследени со локална нестабилност, се очекуваат во понеделник.
На поединечни места ќе има услови за пороен дожд и грмежи.
Од вторник повторно следува период на стабилно и претежно сончево време, со постепен пораст на дневните температури.

