Претрес на полицијата во Арачиново – ова се деталите

Полициски службеници од СВР Скопје привеле 25-годишен жител на Арачиново, откако при претрес во неговиот дом и други простории биле пронајдени над два килограми марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Претресот бил извршен по наредба на Основниот кривичен суд Скопје, а во акцијата учествувале полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција.

Според МВР, при претресот биле пронајдени повеќе од два килограми наркотична дрога марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Осомничениот Б.Н. (25) е лишен од слобода, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, по итна постапка.

Согласно принципот на презумпција на невиност, лицето се смета за невино сè додека неговата евентуална вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.