Ќерката Сашенка објави детали за погребот на Гоце Тодоровски

Фото: Драмски театар

Сашенка Тодоровска, ќерката на легендарниот актер Гоце Тодоровски сподели детали за погребот кој ќе се одржи утре.

По веста за смртта на легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, неговата ќерка Сашенка Тодоровска се огласи на социјалните мрежи со емотивна порака, во која откри и детали за последното испраќање на својот татко.

„Беспрекорен до последниот здив, како што само ти умееше. Замина во легендите, а мене ми остави да ја носам тежината на оваа празнина што гори.

Утре во Бутел ќе го даваме последното збогум: капела во 13.00 и погреб во 14.00 часот.

Нека ти е светол небесниот пат, татко мој, таму каде што болката повеќе не постои“, напиша Сашенка.