Ова беше една од последните фотографии со Гоце Тодоровски

Македонија се простува од актерот кој одбележа цели епохи и донесуваше насмевки во секој дом.

Веста за смртта на 75-годишниот Гоце Тодоровски ја потресе целата јавност  неговите бројни колеги, а на социјалните мрежи со голема тага се споделува една од неговите последни фотографии, која пред само десетина дена беше направена во болничкиот кревет за време на неговата последна борба за живот.

Имено, пред само неколку недели, додека актерот се лекуваше во Градската општа болница „8 Септември“ по падот за време на топлотниот бран, тој доби посета од неговите сограѓани Мубедин и Џело.

Тие тогаш на социјалните мрежи објавија заедничка фотографија со легендарниот актер од болничката соба — слика која за жал сега важи за една од последните од легендарниот глумец.

Покрај фотографијата, тие му упатија емотивна порака исполнета со надеж, која денес кине срца: