Силно невреме со врнежи од град во овој македонски град – еве во кој правец се движи

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) објавија дека во моментов има невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на суградица во јужните делови на Куманово.

Правецот на облаците со дожд се со движење е кон исток.

Според картата која што ја објави УХМР, може да се забележи дека и делови од Скопје се зафатени од невремето.

Сепак, засега овие делови на Скопје, засега се зафатени само со дожд, грмежи и засилен ветер, без појава на суградица.