Уште еден голем удар по џебот на граѓаните – поскапува и оваа услуга

Домаќинствата кои се греат на парно преку ЕСМ – Снабдување од 1-ви август ќе плаќаат за 5,96 насто повисоки сметки, корисниците на ЕСМ – Енергетика за 5,18, а кај поранешно Скопје – Север или „Енерго-Еколог“, покачувањето е 3,65 проценти.

Регулаторна ја направи пресметката, иако, енергетските компании барале зголемување од 30 до 130 насто. За стан од 60 квадрати, сметката повисока за 140 денари.

Освен парното, ново поскапување и на горивата – дизелот за 4,5 денари за литар, бензините за 3 денари, а екстра лесното за 5 денари за литар.

По донесената мерка за намалување на акцизите, од Владата најавија дека не се исклучува и можноста од намалување на ДДВ-то за горивата и одредени прехранбени производи.

Од СДСМ, пак, по најновото поскапување реагираа дека се влошува животниот стандард на граѓаните.