Земјотрес ја стресе Италија

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди југот на Италија.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на околу 13 километри западно од Неапол, а хипоцентарот на длабочина од приближно два километра.

Жителите на Неапол и околината на социјалните мрежи објавија дека потресот траел повеќе од 20 секунди и дека во некои делови дошло до прекин на електричната енергија. Дел од нив наведуваат дека во продавниците паѓале предмети од полиците.

Засега нема информации за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.