Осумдесет и четиригодишен пешак се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил мопед на булеварот „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, несреќата била пријавена на 1 август во 14:20 часот, а во неа учествувал мопед управуван од малолетник, кој удрил во пешакот А. Ч. (84), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека возачот на мопедот и неговата малолетна сопатничка се здобиле со телесни повреди. Повредите им биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

