Ситуацијата е сериозна – еве каде вечерва има голем пожар во Македонија

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, доцна вечер преку социјалните мрежи апелираше дека во моментов пожарот во атарот на село Раец е активен на пет различни локации, а ситуацијата е исклучително сериозна.

„Надлежните служби, пожарникарите и сите вклучени екипи вложуваат максимални напори за локализирање на огнената стихија.

Апелираме до сите граѓани да не се движат кон зафатеното подрачје, да не го попречуваат работењето на службите и строго да се придржуваат до нивните насоки“, порача Јанчев.