Тешка несреќа – две млади лица пренесени во болница

Тешка сообраќајна несреќа се случила во текот на ноќта во Битола, при што 23-годишен мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди, а неговата 19-годишна сопатничка била повредена.

Според информациите од СВР Битола, несреќата била пријавена на 5 август околу 02:50 часот на улицата „8 Септември“.

Како што соопшти полицијата, М.Т. (23) од Битола, управувајќи мотоцикл „Јамаха“ со битолски регистарски ознаки, во еден момент изгубил контрола над возилото, по што паднал на коловозот.

Во незгодата, младиот мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди, додека неговата 19-годишна сопатничка Ј.А. се здобила со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Клиничката болница во Битола, каде што им била укажана лекарска помош и биле констатирани повредите.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа на СВР Битола, а се работи на целосно утврдување на причините и околностите што довеле до сообраќајката.