УХМР за денеска најави невреме – еве во кои делови од Македонија

Македонија и денеска ќе биде под влијание на топол бран, со сончево и многу топло време и мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во попладневните часови во планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринските температури ќе се движат од 11 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 39 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 17 до максимални 38 степени.

Според прогнозите на УХМР, и во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време, при што на одделни места дневната температура ќе достигне и до 40 степени Целзиусови. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.