ОГРОМНА ТАГА: Познат идентитетот на лицето кое синоќа загина во сообраќајна несреќа

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

Според информациите од СВР Тетово, несреќата била пријавена околу 17:10 часот, а во неа учествувале две патнички возила – „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки.

„Пежото“ го управувал Н.С. (34) од Гостивар, додека зад воланот на „опел астрата“ бил Ѓ.П. (63) од Скопје.

Од силината на судирот, 63-годишниот скопјанец се здобил со повреди од кои починал на местото на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал неговата смрт.

Возачот на „пежото“ се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, каде му била укажана лекарска помош.

На местото на несреќата увид врши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во содејство со екипа на ОВР Гостивар.

Причините и околностите под кои дошло до тешката сообраќајна несреќа дополнително ќе се утврдуваат.