Пороен дожд, грмежи и суградица во овој македонски град

Невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи во моментов ја зафаќа околината на Делчево.

На одделни места е забележана и појава на суградица.

Според информациите од терен, врнежите се со променлив интензитет, а проследени се со засилен ветер и грмежи.

⚠️ На граѓаните им се препорачува зголемено внимание при движење, особено во сообраќајот, и доколку не е неопходно, да избегнуваат престој на отворено за време на најинтензивниот дел од невремето.