Почивај во мир. Уште една трагична вест ја потресе Македонија

Трагична сообраќајна несреќа се случила вчера утринава околу 5:45 часот на влезот во ресенското село Брајчино, кога 44-годишниот В.Т. од соседното село Љубојно го загубил животот откако изгубил контрола над својот мотоцикл и излетал од коловозот.

Од силината на ударот и здобиените повреди, мотоциклистот починал на самото место на несреќата, а лекарите од Итната медицинска помош, кои излегле на терен, можеле само да ја констатираат неговата смрт.

Полициска екипа од ОВР Ресен извршила увид на местото на настанот за да ги утврди причините за излетувањето, додека по насока на надлежниот јавен обвинител…