Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Колумбија денес, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Земјотресот се случил на околу 34 километри северозападно од градот Картаго, кој се наоѓа помеѓу Кали и Меделин, а епицентарот бил на длабочина од 115 километри.
Сè уште не е познато дали има жртви.

