ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КЛИЕНТИТЕ
Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти за појава на фишинг измама преку SMS пораки, во кои се бара ажурирање на податоци преку линк.
Пораките се испраќаат од бројот +387 67 142 8204 и содржат линк до лажна веб-страница на која од клиентите се бара да внесат корисничко име и лозинка за дигиталното банкарство.
Станува збор за измама со цел неовластено прибирање на вашите кориснички податоци.
Не кликнувајте на линкови од сомнителни SMS пораки.
Не внесувајте корисничко име, лозинка, PIN, OTP кодови или други чувствителни податоци на непознати веб-страници.
Своите податоци внесувајте исклучиво преку официјалните дигитални платформи на Стопанска банка АД – Скопје.
Доколку сте добиле ваква порака, не постапувајте според инструкциите и не го отворајте линкот.
Доколку веќе сте внеле свои податоци, веднаш контактирајте го 24/7 Контакт центарот на (02) 3100 109 за навремена блокада и заштита на вашата сметка.
Со почит,
Стопанска банка АД – Скопје

