Беше долгогодишен туристички работник и еден од пионерите на македонската туристичка дејност, познат и како сопственик на туристичката агенција „Игуана“.
Од „Игуана“ со емотивна порака се простија од својот основач и долгогодишен лидер.
„Го загубивме кормиларот, но не и компасот! Ти благодариме за идејата, за трудот, за сите години поминати заедно. Среќни сме што бевме и сè уште сме твои ученици. Ќе ни недостасува таткото на Игуана“, објавија од агенцијата.
Со порака на сочувство се огласи и Националната асоцијација на туристички агенции, од каде што истакнаа дека Чоневски бил долгогодишен и почитуван колега, чиј придонес во туристичката дејност ќе остане запаметен.
Од Чоневски се простуваат и бројни пријатели, колеги и познаници, кои го опишуваат како препознатлива скопска личност и човек кој оставил свој печат во македонскиот туризам.

