Нестабилно време е забележано во југозападните делови од земјата, каде што на места има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Развој на нестабилна облачност е забележан и во подрачјето на Штип.
Локално, временските услови може нагло да се променат, со краткотрајни, но поинтензивни врнежи и грмежи.
Граѓаните во овие подрачја се советуваат да бидат внимателни при движење на отворено, особено во периодите кога има појава на грмежи и засилен ветер.
Нестабилноста е локална, па временските услови може значително да се разликуваат од едно до друго место.


