Последна вест: Еве во кој правец се движи невремето

Според најновата радарска слика, во моментов нестабилност има во планинските подрачја во источниот дел на Македонија.

Нестабилната облачна маса постепено се движи и се спушта кон Струмичкиот регион, каде во наредниот период се очекува зголемување на облачноста и можност за локални врнежи, грмежи и засилен ветер.

Развојот на облачноста и правецот на нејзиното движење се следат преку радарските снимки, а состојбата може брзо да се менува.

Граѓаните во источните и југоисточните делови од земјата се советуваат да бидат внимателни и да ги следат најновите информации за временската состојба.