Трагична вест: Маж загина откако дрво паднало врз него

Вчера во 10:47 часот во СВР Струмица, од Шумско стопанство Гевгелија е пријавено дека на планината Кожуф, додека вработениот Д.Т.(62) од Кавадарци сечел дрва,

едно од дрвата паднало врз него, по што од здобиените повреди починал.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.