Тешка сообраќајка – двајца млади лица итно пренесени во болница

Двајца млади лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера претпладне на патниот правец од селото Истибања кон браната Калиманци, на место викано „Драка“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 14 август 2026 година во 12:12 часот во ОВР Виница било пријавено дека околу 11:40 часот мотоцикл со делчевски регистарски ознаки, управуван од О.Ш. (18) од Делчево, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Ѓ.Е. (24) од селото Тработивиште, делчевско. Повредите биле констатирани во Општата болница во Кочани.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, а увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Виница.

Надлежните институции работат на утврдување на причините за сообраќајната несреќа.