Уште една страотна несреќа – пет лица пренесени во болница

Пет лица се повредени, од кои едно тешко, во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на регионалниот пат Струга-Охрид.

Според МВР, несреќата се случила околу 16:35 часот, а во неа учествувале две патнички возила – „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот А.И. од Охрид и „сеат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Д.М. од Струга.

Во судирот тешки телесни повреди добил возачот на „хјундаито“. Со телесни повреди се здобиле и неговите сопатници – 44-годишната С.И., 24-годишниот У.И. и 15-годишник, сите од Охрид, како и 27-годишната А.С.И. од Германија.

Телесни повреди добил и возачот на „сеатот“. Повредите на сите учесници биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

За несреќата бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Струга.