Денеска невреме во Македонија – УХМР утрово со најнова вест

Сончево и топло време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска, а попладне на места се очекува појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од Скопската Котлина ќе има услови за развој на нестабилност, при што се можни пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според временската прогноза, во среда нестабилност се очекува претежно во планинските региони.

Од четврток, пак, следува период на многу топло време. Највисоките температури се очекува да бидат во текот на викендот, кога на места дневната температура може да надмине 40 степени Целзиусови.

Граѓаните во наредните денови треба да бидат внимателни при појава на невреме, а со засилувањето на топлотниот бран особено да внимаваат на изложувањето на високи температури.