Југозападно од Кавадарци во тек е пороен дожд проследен со засилен ветер.
Според информациите од терен, невремето се движи во правец од запад кон исток, поради што се очекува временската состојба да се промени и во подрачјата долж неговата траекторија.
Граѓаните во погодените и околните населени места се советуваат да бидат внимателни, особено при патување и движење на отворено.
Состојбата со невремето ќе се следи во текот на вечерта.


