Во Борча, во Србија синоќа околу 19 часот се случил страшен напад, по што 24-годишна девојка е примена во Клиничко-болничкиот центар „Земун“ со убодна рана во пределот на стомакот и е итно оперирана.
Според информациите, бруталниот напад се случи на автобуска станица, а повредената девојка наводно изјавила дека била нападната од 15-годишна девојка која ја прободела со нож.
Како што раскажала, таа се враќала дома со својата пријателка, а откако се симнале од автобусот, наишле на малолетничка со која набрзо дошло до вербална расправија.
Според нејзините тврдења, расправијата во еден момент прераснала во физичка пресметка. Малолетничката наводно прво ја фатила и ја влечела за коса, а потоа извадила нож и ја прободела во стомакот.
По нападот, осомничената малолетничка побегнала од местото на настанот.

