Земјотрес рано утрово ја стресе Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Србија во текот на ноќта, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на оваа соседна земја.

Според информациите, земјотресот се случил околу два часот по полноќ во Нови Пазар.

Врз основа на достапните координати, епицентарот е лоциран на длабочина од два километри, на самиот раб на градот.

Со оглед на наведената јачина, малку е веројатно дека земјотресот предизвикал материјална штета.