Тажна вест сподели македонскиот пратеник Игор Здравковски.
Тој им се обрати на своите сограѓани, сопартијци и пријатели.
Со огромно жалење и неверување ја примивме веста за прераната и ненадејна смрт на нашиот брат, јунак, горостас Роберто Јаневски.
Дете на партијата, дете на чесни родители, човек што со гордост и чесност го носеше во себе идентитетот на посветен христијанин, вмровец и патриот. Вистинско Македончиште!“, пишува Здравковски.


