„БМВ“ излета од патот – има повредени

Вчера попладне, во 15:25 часот, на регионалниот пат Струмица–Валандово се случила сообраќајна незгода во која тешко е повреден 30-годишен жител на струмичко Раборци.

Според информациите од СВР Струмица, патничко возило „БМВ“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.В.(30) од село Раборци, излетало од патот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во ЈЗУ Општа болница Струмица.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.