Нова силна нестабилност се развива во западниот дел на Македонија. Голема облачна маса со поројни врнежи од дожд, засилен ветер, грмежи и појава на суградица моментално се наоѓа западно од Претор и Битола.
Според моменталното движење на облачноста, системот се движи од запад кон исток, поради што нестабилноста во наредниот период може да зафати и други подрачја.
Граѓаните во регионот се советуваат да бидат внимателни, особено поради можноста за краткотрајни, но интензивни врнежи, силни налети на ветер и појава на суградица.
Невремето продолжува да се движи кон исток – следете ги најновите информации и временските промени во живо.


